x

Дали е ова мега – тимот на Њукасл!? Меси, Роналдо, Мбапе, Ван Дајк, Халанд, Рамос, Облак…

Кога имаш повеќе од 300 милијарди, кога без око да ти трепне купуваш Премиерлигашкки клуб, тогаш секако дека посакуваш да создадеш тим кој што ќе биде најскап во историјата, најдобар во историјата на фудбалот, најгламурозен во целата фудбалска историја.

Реал Мадрид Галактико од пред 15 години, се чини е „гола вода“ во однос на желбите на Мохамед Бин Салман, шеикот иод Саудиска Арабија, кој инаку е и министер за одбрана на таа земја, и кој има само 35 години.

А тие желби се, погледнете ја само фотографијата, која секако дека е монтажа, на можеби идниот тим на Њукасл, клуб кој со шеикот на чело, станува финансиски најмоќен во историјата на спортот.

А тука се: Меси, Роналдо, Мбапе, Халанд, Облак, Канте, Рамос, Ван Дајк, Де Брујне…

Па дали е ова можно, дали ова е изводливо? Или ова се само неостварени желби на фановите на Њукасл кои не кријат дека се во невидена еуфорија со доаѓање на „петро – доларите“ на нивниот „Сент Џејмс Парк“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата