x

Дали е готово? Меси купи апартман во Милано!

solaria

Дали Лео Меси навистина е блиску до трансфер во Интер Милано? Утринава уште една вест на “Газета“ која оди во прилог на тоа дека Аргентинецот би можел ова лето да го направи најспектакуларниот трансфер во историјата на италијанскиот гигант. Имено овој италијански весник тврди дека Меси си купил стан или апартман во Милано, и тоа во кулата Соларија која многу блиску до канцелариите на Интер.

Да потсетиме дека пред неколку дена во Милано претсојуваше таткото на Лео, пред две недели се појавија шпекулации дека Интер одвоил цели 260 милиони евра за ангажманот на аргентинскиот генијалец.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата