Намалувањето на финансиската нестабилност има негативно влијание врз здравјето, особено врз менталното. Сепак, резултатите од новата студија покажуваат дека незадоволството од финансиската ситуација, задолжително се одразува во спалната соба.

Истражувањето спроведено на “Raiz Invest Limited”, покажа дека стресот предизвикан од финансиите, негативно влијае врз сексуалниот живот на мажите. Иако жените се под поголем притисок поради тоа (42% од нив, во споредба со 28% од мажите), тие воглавно се борат со несоница, депресија и болести, додека кај “посилниот пол”, финансиската нестабилност делува такашто стануваат незаинтересирани за секс.

Една третина од мажите кои учествувале во истражувањето, ја пријавиле оваа “болест”, а дури 16% од испитаниците рекле дека со задоволство би го замениле сексот за финансиска сигурност.

Таа врска помеѓу финансиската стабилност и сексуалните активности е забележана од порано. Имено, минатогодишната студија покажала дека 56% од мажите доживотно би се откажале од секс во замена за милион долари.

“Изненадувачки е колку мажите сакаат пари повеќе од секс”, рекла Емили Кени, психолог и директорка на компанијата која го спровела ова истражување и додала: “Сексот е одличен за менталното и физичкото здравје, па фактот дека парите ви се поважни од него, покажува дека сте незадоволни од моменталната врска или дека имате проблем со либидото”.