Пандемијата на коронавирусот навлезе во сите пори на општеството, а покрај здравјето, сериозно влијае и на економијата.

Голем број компании беа принудени да ги преместат своите деловни активности за време на пандемијата наКовид-19“, која сè уште беснее, па многу домови станаа работни места.

Бројни компании објавија дека нивните работници нема да се вратат во компаниите до 2021 година, а Твитер оди чекор подалеку, така што ќе им овозможи на одредени работници да работат од дома дури и по пандемијата.

Овие одлуки доаѓаат во време кога грижата за децата, образованието и безбедноста продолжуваат да растат. Според Меѓународниот монетарен фонд, поради прекинот на школувањето и градинките, жените се најпогодени од рецесијата поради пандемијата.

Покрај големите заштеди за компаниите, на многу работници им се допаѓа и пофлексибилната атмосфера и удобноста на домот, но има и такви за кои работата им е многу поважна од домот.