Македонскиот народ и дефинитивно ќе остане без историја. Тоа што се започна со договорите со Грција и Бугарија и со откажување од македонската историја, сега доби и потврда преку образовниот процес како систематски ќе се подготвува бришењето на историјата.

Вчера на еден таен начин беше претставен новиот Концепт за основно образование, во кој се бришат предмети, а науките се спојуваат во една. Така на пример владата предводена од СДСМ и министерството за образование решиле дека треба во еден предмет треба да ги спојат историја, географија, граѓанско, философија, етика и антропологија. Настрана од тоа што се споени несродни науки, историјата како хуманистичка наука со природна наука како географијата, но од МОН немаат ни план како и кој ќе предава и каде ќе се едуцираат идните наставници.

Сепак времето и контекстот во кој се прави тоа со право ни дава сомнежи дека отстраниувањето на историјата како посебен предмет се прави со друга цел.

Историјата беше дел од преговорите со Грција, таму премиерот Заев и вицепремиерот Никола Димитров прифатија дека целата античка македонска историја и припаѓа на грчката. За таа цел целосно го игнорираа светски признатиот факт за постоење на хеленизмот и истиот го поистоветуваа со хеленски, што се работи за две сосема различни работи. Но тоа не ги интересираше.

Со договорот со Бугарија се прифаќа т.н. концепт на заедничка историја или како што Бугарија го поима тоа дека македонската истрија била дел од бугарската. Уцената на Бугарија е јасна, односно дека се до 1944 година и припаѓа на Бугарија, а и премиерот Заев и неговиот специјален претставник Владо Бучковски постојано инсистираат на таа заедничка историја. За таа цел се обидуваат и да извршат притисок врз историската комисија и да ја минираат нејзината работа како полесно би ги прифатиле бугарските барања, бидејќи како што е познато, една од работите за кои дискутира комисијата се токму учебниците по историја за основно образование.

Но, како тоа ќе се претстави во Македонија за полесно да се прифати, се разбира го најдоа начинот. Со исклучување на историјата од образовниот процес.

Дека тоа е така реагираат и историчарите. Професорот по историја на Филозофски факултет, Александар Атанасовски на Фејсбук напиша дека ова се прави во духот да и се угоди на Бугарија, а истото ќе значи и крај за Македонија и Македонците. Исто така според професорите на Инститот за историја каде што се образуваат идните наставници и професори, не бил консултиран за планот на владата. Неверојатно, институцијата која прва треба да биде консултирана, била игнорирана.

Смешни се оправдувањата на министерката дека ова се прави за учениците да не учат факти, туку да размиуслуваат. Се прави спротивното, со кратење на времето за предавање на историјата со толку мал простор може да се набројат само фактите, а не да се објасни историскиот контекст за полесно да се разбере. Досега наставниците ја објаснуваа корелацијата со другите предмети, така да и тука греши Царовска.

Сепак јасна е тенденцијата. Ако немаш историја во образование полесно ќе се откажеш од македонското минато. Затоа со право се отвора прашањето дали  ова е од еден поширок план на премиерот Заев кој го прифаќа со преговорите со Бугарија, а според кој македонската историја ќе постои само во последните 70-тина години на една вештачка нова нација?