x

Даде 600 голови за Сити, па направи трансфер во Јунајтед

meknil

Манчестер Сити е изненаден од потегот на младиот Чарли Мекнил кој одлучи да се пресели во редовите на големиот градски ривал Манчестер Јунајтед. Според „Дејли меил“ овој 16-годишен напаѓач шест сезони играл за младинските селекции на „граѓаните“ и постигнал 600 голови, меѓутоа не одлучил да остане во синиот клуб туку отиде да игра за црвениоте  Јунајтед.

Му благодарам на Сити за шесте одлични години. Ми беше задоволство да се дружам со неверојатни играчи. На сите им посакувам се најдобро“, порача Мекнил.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата