x

Даде гол па доби црвен картон за прославата (видео)

Алфредо Морелос се изглупира за време на мечот меѓу неговиот Ренџерс и Мадервел во шкотскиот шампионат. Морелос, кој е најдобар стрелец на „ренџерите“ сезонава, реализираше погодок за водство од 2:0 но потоа направи глупост со тоа што се упати кон домашните фанови прославувајќи го голот. За судијата спорна е гестикулацијата (Провоцирање на навивачите), па му покажа жолт картон на холандскиот напаѓач, а веднаш и црвен поради тоа што му беше втор жолт.

Морелос остана зачуден, но нема промена на одлуката. Судијата си остана на своето и му го покажа патот во соблекувалната на играчот на Ренџерс…

A oва не е првпат Морелос да добива црвен картон. Од почетокот на минатата сезона па до сега ова му е шести црвен картон, повеќето поради процокации или коментари кон судиите…

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата