Денеска, конечно, ќе се знае кој кошаркар-странец, покрај Американецот Вернард Холинс (веќе игра за “шпедитерите”, н.з.), ќе го облече дресот на Ф. Работнички во претставувањето на европската сцена, во ФИБА Евро лигата, што стартува на 26 октомври. Во игра се поранеш ниот канадски репрезентативец Вилијам Нјоку, кој неколку денови е во Скопје и Бал- ша Радуновиќ (СЦГ), кој завчеравеч ер допатува во Скопје и се појави на тренингот на Ф. Работнич ки (игра на позицијата крило и крилен центар, н.з.). – Веќе знам кој од кошаркарите му е потребен на тимот (денеска ќе пресече, н.з.). Но, намерно нема да го соопштам неговото име од причина што ќе биде некоректно ако го споменам ко- шаркарот, а тој не најде заеднич- ки јазик со луѓето од клубот околу финансиските услови. Затоа молам за мало трпение, најдоцна до утре, вели тренерот на скопјани, Јорданчо Давитков. Познато е дека по ангажирањето на Холинс, на проба беше и вториот Американец Мајхилд Вилијамс, но не задоволи и замина. Подоцна беше ангажиран слободниот агент, дете на Ф. Работнички, Срѓан Станковиќ, за последниве денови во игра да бидат уште двајца странци, Нјоку и Радуновиќ. (С.Т.)