x

Давид Бабунски заврши со Ботошани

david-babunski

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски повеќе не е дел од тимот на романски Ботошани. Креативецот си заминува од клубот каде што замина минатата зима, но ете сепак во овој преоден рок ќе си ја побара среќата на некое друго место.

„Сакам да му се заблагодарам на Ботошани како клуб, за шансата која ми ја пружи и можноста да настапувам за него. Стекнав добри искуства во периодот додека бев дел од овој клуб, кои секако ќе ми користат многу во понатамошниот дел од кариерата“ – вели Давид Бабунски.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата