x

Давиде Никола: Пандев мора да го чуваме, потребен ни е

Тренерот на Џенова, Давиде Никола е под притисок поради резултатите и поради фактот што Џенова сеуште има проблем со обезбедувањето на опстанокот сезонава. Тоа нема да биде лесна задача претстојат многу тешки мечеви за тимот, и бодови за освојување кои ќе знача спас.

Околу мечот против Јувентус кој Џенова го загуби, тренерот Никола и не се оптеретува премногу. Она што нас не интересира е секако коментарот колу игрите на Горан Пандев во моментов.

„Тоа е исклучително квалитетен играч. Како може да се каже лошо за него. тој секогаш го давал максимумот откако јас сум тренер. Ние мора да го чуваме Пандев, да биде во најдобрата можна форма, физичка пред се затоа што ни е многу потребен во моментов“ – вели тренерот на Џенова.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата