Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на глобален прекин на огнот за да може светот да се фокусира на борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Време е да се стави крај на вооружените конфликти и да се фокусираме заедно на вистинската борба за нашите животи“, рече Гутереш во видео обраќањето, пренесува Ројтерс.

Тој истакна дека вирусот не бира националност или религија, а во меѓувреме вооружените конфликти беснеат низ светот.

Гутереш предупреди дека здравствените системи во завојуваните земји се распаднати и во нив има малкумина здравствени работници.

 

извор: Makfax