Истражувањето покажало дека нашиот систем за варење ја обработува како и секоја друга храна. Шеќерот или засладувачите веднаш се разложуваат додека останатите материи се варат, па нашиот организам од нив ги зема хранливите материи, ако ги има, а остатокот го исфрлува од телото.

Гумата за џвакање не се задржува во нашето тело, само нејзината база т.е. ресинот, нешто побавно се вари, бидејќи нејзините материи се поотпорни. Лекарите проценуваат дека всушност на телото му требаат околу 48 часа да ја исфрли од системот за варење.