Иако оттаму тврдат дека не станува збор за невообичаен потег и дека Гугл во повеќе наврати ги селеше канцелариите и инженерите од една земја во друга, се наведува дека овој потег е реакција на се полошата состојба со слободата на интернет во таа земја.

Рускиот претседател Владимир Путин и владата не се на глас како љубители на Интернет и на слободата на изразување.

Во повеќе наврати се обиделе да ги цензурираат содржините што се наоѓаат на вебот, оневозможувајќи им на своите граѓани слободен пристап до информациите, а неодамна најавија и придвижување на алтернативна Википедија која би требало да пишува само “вистина” за Русија.

Исто така, во Русија на сила е закон со кој податоците на руските граѓани не смеат да се наоѓаат на серверите во други земји што на странските интернетски компании наголемо им го отежнува функционирањето.

Се разбира, истиот закон им овозможува на руските тајни служби полесен пристап до таквите податоци.

Од Гугл е соопштено и дека тие како и до сега ќе продолжат да им ги даваат сите услуги на своите корисници, како и тоа дека во Русија ќе остават неколку вработени во одделите за поддршка и маркетинг.

Не е познато колку точно вработени Гугл ќе пресели од Русија.