Ципрас го одбра Каменос, е коментарот на грчките опозициски партии по оставката на Никос Коѕијас.

Претседателот на Нова Демократија, Мицотакис вели дека грчкиот премиер одбрал да го отстрани најсилниот поддржувач на Договорот од Преспа, а да го задржи оној кој што се противи.

Лидерот на партијата Река, Теодоракис коментира дека оставка дал оној кој ја изразува владината линија, додека пак претседателката на Движење на промена Фофи Генимата вели дека Ципрас и Каменос рака под рака се движат кон амбис.