Неколку месеци откако е отворен првиот крематориум во Грција, Грчката православна црква се уште се противи на кремирањето и одбива верски погреб во случај на кремирање на покојникот.

„Мртвите тела не се отпад. Црквата се противи на палењето…, трагично е да се запали или исечка нешто што има вистинска вредност“, пишува во документот на Црквата на четири страници упатен до народот, кој ќе им биде поделен на верниците во сите цркви.

Грција е една од последните земји во Европската Унија што дозволи кремирање. На 80 километри од Атина во октомври беше отворен првиот крематориум во земјата, изграден со приватни средства.

извор: Makfax