Навивачите на германскиот гигант Баерн Минхен брутално беа претепани од грчката полиција пред стартот на натпреварот од Лигата на шампиони, помеѓу нивниот клуб и тимот на Олимпијакос.

Според првите информации, германските навивачи започнале инцидент со кршење на столчињата на стадионот и фрлале шишиња кон грчките навивачи.

Грчката полиција жестоко одговорила, а најмалку еден навивач на германскиот тим е тешко повреден.

Од германскиот тим соопштиле дека нивните навивачи непотребно дивееле, но додале дека грчката полиција покажала непотребна бруталност.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=4ovHD1FMaeA]