Солза Грчева од Глас за Македонија ги коментираше резултатите на вчерашните предвремени парламентарни избори, велејќи дека граѓаните дале глас на оние кои никогаш не биле со нив и оние кои ги продале топтан.

Народов без око да му трепне си ги избира истите криминалци и веднаш се лепи и за нови кои се појавуваат. Последниве ќе му правеле космодроми и ќе му го продавале МЕПСО и Македонски пошти. Се против што ние се бориме, реагира Солза Грчева од Глас за Македонија, напиша на Фејсбук.

Исто така рече дека граѓаните дале глас за некој што никогаш не биле со нив.

Нека ви е со среќа Северна, тоа сте го сакале цело време. Дадовте гласови на оние кои никогаш не беа со вас и на оние кои ве продадоа топтан. Нека ви е со среќа тонењето и енормниот криминал. Никако да препознаете здрави концепти за излез од ова бесконечно пропаѓање. Со неодговорноста, себичноста ја запечатувате судбината на генерации. Ние остануваме посветени на декриминализацијата, таа рак рана на нашево општество. Од криминал и името ви го продадоа, од криминал народот е сиромашен, од криминал децата ни се по светот, од криминал со трошки ги купуваат луѓето и за гласање. За украдените гласови токму од Глас и нивна поделба на големите, нема што да зборувам кога со децении криминалци не водат во провалија. Уште еднаш, нека ви е со среќа!!! Секој народ си ја заслужува сопствената влада, напиша Грчева на Фејсбук.