Грција ја продолжи забраната за влез во земјата до 31 јули за граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, објави  грчката дирекција за авијација (НОТАМ).

Одлуката е донесена по одлуката на ЕУ да ги отстрани Србија и Црна Гора од списокот на земји  безбедни од „Ковид-19“ од кои е дозволено патување, пренесува АНА, додавајќи дека 12 држави биле изземени од забраната за патување, и тоа Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Сите летови од Албанија и Северна Македонија, како резултат на зголемувањето на случаи на коронавирус, ќе можат да летаат само до атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ до 31 јули 2020 година, додека забраната за летови до и од Турција ќе биде продолжена до 1 август.

Грчката управа за цивилно воздухопловство (ЦАА) ги извести патниците.

извор: Makfax