Началникот на Генералштабот на грчката армија Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција ќе одговори решително во случај на „ескалација на турските провокации”, пишуваат грчките медиуми.

За време на состанокот со грчките новинари, Апостолакис ја нагласил оперативната способност и подготвеноста на грчката војска во случај да се загрозат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

„Ако влезат на ненаселен остров, ќе го срамниме островот до земја. Ова е црвена линија што е прифатена и од владата “, рече тој, а како што пренесе грчки „Катимерини”, шеф на Генералштабот на грчката армија, додал и дека за Грција најважно е да се обезбеди мир во регионот.

Турскиот министер за одбрана во четвртокот го потврди предупредувањето дека неговата земја нема да се откаже од своите права во Егејското море и Источниот Медитеран, одговарајќи на коментарите на грчкиот началник на Генералштабот на грчката национална одбрана.

Тој рече дека Турција ги презела сите неопходни мерки на претпазливост „за да не дозволи никаква фатална завршница“, додава „Катимерини“.

извор: Makfax