Началникот на генералштабот на грчката војка Евенгелосос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција одлучно ќе одговори во случај на „ескалација на турските проокации”, пренесува „Танјуг”.

Апостолакис на средбата со грчките новинари ја истакнал оперативната способност и подготовеност на грчката војка во случај да бидат загрозени суверенитетот и териротијалниот интегритет на државата.

Ако влезат на некој ненаселен остров, ќе го срамниме со земја. Ова е таа црвена линија која е прифатена и од страна на владата – изјави за „Катимерини” началникот на Генералштабот на грчката војска, додавајќи дека за Грција е најважно да обезбеди мир во регионот.