Грција нуди награда од 800.000 евра
Грчките власти нудат награда од 800 илјади евра за каква било информација која ќе доведе до растурање на терористичката организација “Револуционерна борба” и до апсење на нејзини членови, соопшти грчкото Министерство за јавен ред. Во соопштението се подвлекува дека се гарантира целосна анонимност на информаторите, а се дадени и бесплатни телефонски броеви на кои можат да се предадат информациите.