Поради новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки поради КОВИД-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од среда 22 јули од 00.00 часот до вторник 4 август.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Дојрани“, а во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки поради КОВИД-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00:00 часот до 04.08.2020 (вторник), информира МВР.

Граничниот премин „Меџитлија“ од ноќеска на полноќ ќе биде затворен за секаков вид сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин ‘Меџитлија’ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ‘Ники’ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ‘Ники’ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник)“, соопштија од МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.