“Дојче банк” смета дека 2013 г. ќе биде последната година на рецесија во Грција, а од следната се очекува земјата да се врати на ограничен пораст, пишува грчкиот весник Имерисија”. Германските аналитичари тврдат дека рецесијата во Грција оваа година ќе биде 4,2 отсто, а предвидуваат дека следната година грчката економија ќе започне со развој и темпото на раст ќе изнесува 0,9 проценти.

Дојче банк” наведува дека и покрај намалувањето на бруто домашниот производ (БДП) на Грција во четвртото тромесечје од 2012 година за шест отсто, сепак имало знаци на подобрување, бидејќи падот на БДП е помал во споредба со 2011 година.