АТИНА, 23 ОКТОМВРИ – Грција, веројатно, поради застареност на својата танкерска флота, планира да го блокира усвојувањето на директивата (предлог-законот) на Европската унија, со кој се воведуваат строги санкции за загадување на морските пространства. Директивата, која е логично решение по неколку еколошки катастрофи, вклучува пакетмерки за заштита на морињата од стари танкери, како и строги санкции против сопствениците на бродовите. Грчкиот министер за трговска флота Манолис Кефалојанис, добил препорака од Владата да го отфрли предлог-законот што Европската унија ќе го предложи на гласање идната недела, на средба на министрите за правда на ЕУ. Директивата ја предложи Европската комисија откако грчкиот танкер “Престиж” што пловеше под знаме на Бахамските Острови, пред извесно време се раздвои на два дела во близина на брегот на Шпанија, со што, на Галиција и; се закани еколошка катастрофа. Ако Грција гласа против директивата, пра- шањето за заштита на морињата од нафтените танкери ќе биде загрозено, затоа што усвојувањето на тој предлог бара консензус, пишува грчкиот весник “Етнос”.