Грците во моментов имаат понудено на продажба над 20 грчки острови, a Волстрит Журнал направи преглед на најдобрите острови во оваа понуда.

Малиот Лезбос, ненаселен рај во Егејското море кој е на 200 метри од Лезбос се опишува како еден од најубавите острови на Медитеранот и тој во моментов се продава по цена од 800.000 евра.

Островот Свети Атанасиос во Кориенетскиот залив се продава по цена од 1,6 милиони евра, а “рајскиот остров” Аткос во Јонското море со своите драматични карпи и сопствени стада на овци се продава за 45 милиони евра.

Островот Скорпиос кој своевремено го поседуваше Аристотел Оназис го купи Екатерина Риболовјева која е 25 годишна ќерка на рускиот богаташ Димитрија Роболовјев за околу 100 милиони фунти.

Поранешниот катарски емир Шеикот Јамид бин Калифа Ал-Тани купи шест острови познати под името Оксиа за 5,5 млиони фунти.

Грција од оваа година воведе данок на имот, па затоа сега се повеќе Грци се одлучуваат да ги продадат своите имоти без оглед на моменталните ниски цени.