Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се најде на удар на критики затоа што очигледно ги прекршил правилата за затворање на сопствената влада, поради зголемениот случаи на заразени со корона вирус низ целата земја.

Во вторникот, во грчкиот печат и на социјалните медиуми беа објавени слики од Мицотакис и неговата сопруга Марева, кои го прикажуваат парот со велосипеди во шума околу планината Парнита северно од Атина – што е околу еден час и половина возење од нивниот дом – во неделата.

На сликите, исто така, се гледа како парот позира за фотографирање со неколку минувачи, а никој од нив не носи маски или ги почитува правилата за социјална дистанца. 

Фото: Keep Talking Greece

Во моментов на Грците им е дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, да купуваат најважни работи, да посетуваат лекар или да вежбаат близу до нивната куќа и во групи не повеќе од три лица. Прекршителите на правилата се казнуваат со 300 евра, а полицијата викендов изрече казни во вредност од околу 780.000 евра за скоро 3.000 прекршувања.

Контроверзијата избувна бидејќи коронавирусот продолжува рапидно да се шири во земјата, со нови над 2.000 случаи на ден, а болниците во многу области да работат над нивниот капацитет.

Владиниот портпарол Стелиос Петсас рече дека како резултат на тоа, Грција ќе мора да го продолжи заклучувањето до 7 декември, кога треба да заврши примената на оваа мерка.

Петсас застана во одбрана на премиерот во средата, велејќи дека „Мицотакис е обвинет дека е човек“ и дека тој „никогаш нема да одбие да зборува или [да] се фотографира“ доколку некој тоа го побара од него. 

Тоа не ја смири опозицијата.

„Да ги обвинувате граѓаните за нивниот став, додека вие одбивате да ги следите потребните мерки, не е воопшто човечко; тоа е знак на ароганција и недостаток на емпатија “, рече Насос Илиопулос, портпарол на најголемата опозициска партија Сириза.

Министерот за развој Адонис Џорџиадис му се придружи на Петсас во одбраната на постапките на премиерот, велејќи им дека на луѓето им е дозволено да одат каде што сакаат да вежбаат.

„Ако не сте забележале, Парнита е полна со луѓе кои одат во шума. И добро е, тие можат да одат “, рече тој.

Според Министерството за цивилна заштита, сепак, вежбањето е дозволено само во близина на нечиј дом.

Покрај сликите, во грчкиот печат кружеше и видео снимка од Марева Мицотакис како вози мотокрос – што е забрането во оваа област на планината од еколошки причини бидејќи е национален парк, што предизвика остри критики од локалнниот огранок на Гринпис.

Фото: Keep Talking Greece

Исто така во вторникот, атински обвинител започна истрага во врска со извештаите во весниците за сериозни грешки во начинот на кои Националната здравствена организација постапуваше со податоците за коронавирус, основа за одлуки за ограничувања.

Според извештаите, прашањата вклучуваат нецелосно известување и неконзистентно собирање на податоци, како и преклопувачки списоци на случаи водени од различни гранки на организацијата, што може да биде виновна за бавниот одговор на земјата во вториот бран на пандемијата.