Извинувањето од баскиската организација ЕТА за убиството на луѓе за време на нивните борби за независност на Баскија, е одбиенo од страна на групите на жртвите.

Сепаратистите во шпанската Баскија побараа прошка за убиството на луѓе без директно учество во конфликтот.

Групите на жртвите ја обвинија ЕТА дека сака да ја оправда употребата на насилство и се обидува да ја преработи историјата.

ЕТА се очекува да го објави своето распуштање во наредните недели.

Милитантите убија повеќе од 800 луѓе и повредија илјадници за време на 40 годишниот конфликт, во обид да основаат независна баскиска држава во областа што се шири низ северна Шпанија и во југозападна Франција.

извор: Makfax