x

Грузијката Венетски тренира со ЖРК Куманово, следува потпис?

venetsky1

ЖРК Куманово денеска објави дека моментално на тренинг со екипата е грузијската ракометарка Кетеван Венетски.

Се работи за 22-годишна ракометарка родена во Тбилиси, Грузија која може да настапува на позиција десно крило. Со ракомет се занимава повеќе од 8 години со кратки паузи.

Последниот клуб за кој има настапувано е клубот од нашето соседно Косово, ЖРК Истогу. Останува да се види дали двете страни ќе постигнат договор за соработка за следната сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата