Македонската фудбалска репрезентација со победата над Грузуја за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

За македонските фудбалски репрезентативци, како што веќе пишуваше Спортмедиа, вечерашната победа освен што значи прв пласман на едно големо фудбалско натпреварување, значи и дека играчите ќе поделат три милиони евра.

Од пласманот на ЕП многу ќе заработи и самата ФФМ која како награда од УЕФА ќе инкасира неверојатна сума од 9,45 милиони евра, поради што Федерацијата на чело со Муамед Сејдини одлучи богато да ги награди фудбалерите за кои ќе припаднат околу 30 % од наградата од УЕФА.

Репрезентативците веќе еднаш беа добро наградени и тоа за освојувањето на првото место во групата од Лигата на нации кое не доведе до овој историски меч. Во таа пригода фудбалерите поделија 500.000 евра.

  •