Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија и официјално на претседателот на Владата, Никола Груевски, му испрати покана да го врачи големиот пехар на победникот во Купот на Македонија. Финалето, во кое мегданот ќе го поделат Вардар и Победа, ќе се одигра на 24 мај на Градски стадион во Скопје (20 ч.). Во предигра е младинското финале меѓу надежите на Пелистер и Ренова (17 ч.).

На саботниот состанок беа разгледани и подготовките за организацијата на квалификациската средба за ЕП 2008 меѓу Македонија и Израел на 2 јуни во Скопје (19,30 ч.). Одредени се и цените на билетите што за јужна ќе се продаваат по 300, за северна по 200 и за исток и запад по 50 денари.

Прифатен е предлогот за назначување на Вујадин Станојковиќ за нов претседател на Одборот на фудбалските тренери, а наименувањето селектори на младите селекции е одложено и побарани се дополнителни предлози.

Во врска со актуелната состојба за да се спречат какви било реперкусии за мак-фудбалот, ФФМ ќе ги информира надлежните органи и Владата на РМ за последиците од нелегитивните активности на т.н Инцијативен одбор.

Летниот преоден рок за фудбалери ќе започне по завршување на првенството и ќе трае до 31 јули, а зимскиот ќе биде од 15 јануари до 15 февруари.

(Б.Т.)