Премиерот Никола Груевски е подготвен да се соочи со специјалната обвинителка Катица Јанева доколку биде повикан да сведочи за сомневањата за сторени кривични дела кои произлегуваат од прислушувањето. Иако Јанева има рок од еден месец да го собере тимот и да се зафати со работа, Груевски денеска само кусо одговори дека е подготвен.

Јанева за дел од порталите коментирајќи го законот по кој ќе работи вели дека секој случај законски ќе биде покриен, а за капацитетите на судовите очекува тоа да го решат адекватните институции.

„Секој случај законски ќе се покрие. За капацитетите на судот и дали судот може да одговори на овие предизвици не е моја работа. Тоа ќе го решат адекватните институции”, вели Катица Јанева.

.