На отчетот за сработеното од 2006 до 2016 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека се отворени над 150.000 нови работни места.

Тој вели дека во изминативе години покажале како се гради и како се прават реформи. Груевски изјави дека граѓаните можат да направат разлика како било порано, а како е сега.
„Овој отчет се нашите дела за посилна Македонија. Ова е разликата, делата нас нè прават поразлични од другите политичари кои само ветуваат брда и долини. Нашиот народ е мудар и знае зошто гласа за нас. Ова е разликата, вака се сака Македонија” – рече Груевски.

Отчетот се одвива интерактивно, како разговор меѓу претседателот на партијата, Груевски и министрите.

Груевски рече дека фантоми нема, како што кажува СДСМ, а тоа го покажува и големата посетеност на отчетот.