Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како дел од презентација на отчетот пред граѓаните на Република Македонија

-Не застанавме и сега имаме еден конитнуитет. Успеавме да изградиме и реконструираме над 510 километри регионална патна мрежа и над 700 километри локална патна мрежа. Кога одиме на терен многу луѓе ни кажуваат патот што го направивте не беше чепнат 30-40 години. Тоа е сега значајна предност за нив. Инвестициите во инфраструктурата обезбеди работа за многу семејства, но и работа за градежните компании. Подеднакво се посветивме и на изградбата на автопатските делници при што никогаш порано не се граделе три нови автопати како што се градат сега, изјави Груевски.