– Ја слушнав предмалку и реториката на СДСМ во парламентот.Со очаен обид да покажат некаков триумфализам кажувајќи дека ова било нов пораз на Никола Груевски. Јас им порачувам – до 5 јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5 јуни ќе се срамите од самите себе, на 5 јуни ќе видите кој е победникот и кој е поразениот. И сегашната вештачка насмевка нагло ќе ја загубите. Велам вештачка насмевка затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ колку и да беше таа политичка одлука без аргументи СДСМ единствениот спас го гледаа во поинаква СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија.- додаде Груевски.

gruevski merki mladi (8)На крај посочи:
А на 5-ти јуни, ќе видат кој победува, а кој губи. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, како политичка гарнитура која најенергично и најодговорно се бори за македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.