Пораките кои ги испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од прославата на роденденот на партијата се крајно позитивни, бидејќи тој во неговите зборови покажа спремност за конструктивност во однос на изнаоѓање на излез од политичката криза. Во исто време, Груевски напомена дека народнот не може да ги разбере сите барања на СДСМ и да дозволи до бескрај да си поигрува со нив и со државата, цени политичкиот аналитичар Оливер Андонов.

– Неговата моќ во контрола на народниот бес не е бескрајна и тој лично кажа дека има човечки лимити со тоа до каде може да го контролира народот во однос на тоа дали ќе се излее бесот на народот врз СДСМ или не. Од тој аспект изјавата на Никола Груевски беше крајно коректна политички и беше промотивна во однос на тоа дека ВМРО ДПМНЕ и понатаму е спремно на отворана соработка како и исполнување на многу услови кои опозицијата и без причински ги бара . Како на пример што беше изјавата на Груевски каде што вели: “Повелете, прочистувајте го списокот на метод на кој вие мислите дека треба, а повикани се и ДИК тоа да го прават. Другиот аспект на говорот на Груевски и поентите беше насочен кон она што ВМРО-ДПМНЕ долго го прави, а тоа е тенденцијата за економски развој на државата. И од овој аспект имаме силна порака која се однесува дека и покрај тешката политичка криза во која СДСМ ја внесе Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и во тие услови понатаму продолжува кон својата основна агенда, а тоа е подобар живот за граѓаните на Р. Македонија, преку економски развој на државата и инфраструктурен развој на државата, вели Андонов.

ГРУЕВСКИ: Народот ја препозна играта, народот знае кој гради, а кој руши !

123 години од првобитната организација, 26 години партијата ВМРО-ДПМНЕ. Под слоганот “Идеја и дело – посилни од сè во присуство на партискиот и државен врв, делегати од општинските организации и ветерани, ВМРО-ДПМНЕ ја одбележа 26-годишнината од своето постоење.
Во своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, истакна дека заложбите за суверена и независна Македонија се исполнети. Посочи дека ако се анализираат овие 26 години, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била победена на избори, или без правење класичен фалсификат на изборите или со помош на надворешен фактор.
– Во овие 26 години ВМРО-ДПМНЕ го оправда носењето на префиксот ВМРО во своето име. Секогаш и секаде беше прва на браникот на татковината и интересите на својот народ и своите граѓани. Го оправда и префиксот ДПМНЕ. Вложи најмногу од било кој не само за осомостојувањето и независноста, туку и за напредокот на земјата, економски, политички, демократски, патот кон ЕУ и НАТО, националното единство, но и реформите, изградбата на земјата, решавање на најмногу проблеми на граѓаните, делата, порача претседателот на партијата.


Груевски истакна дека довербата на народот и националните интереси остануваат во фокусот на иделогијата на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека СДСМ се обидува со деструктивни сценарија да го придобие народот и без избори да дојде на власт. Груевски истакна дека по немањето програма и идеи, единствен адут за социјалдемократите останува СЈО и притисокот врз судите.
Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ народот ја препознава играта на СДСМ и преку бројните невладини кои, како што рече, наредбите ги добиваат од еден центар, а се финансирани “однадвор”, со цел рушење на демократски избраната влада.
Еве, сега пак се надеваат преку деструктивни сценарија и на сила да дојдат на власт. Сите знаеме што се не направија минатата година. На какво дереџе ја донесоа државата, барајќи предвремени избори, и мислејќи дека ако некој однадвор заради некој негов интерес им овозможил креирани материјали заради заматување на умот на народот, дека со таква измама ќе го преземат управувањето на државата.
Но, народот препозна се, ја препозна играта, и не им ја довери довербата.
ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на партијата е демократска, народна партија, партија која знае што е одговорност, која интересот на државата и нацијата го става на прво место, која сака земјата да ја внесе во ЕУ и НАТО. Партија која сака мир, економски успех, нови работни места, нови инвестиции, натамошен пад на невработеноста, натамошен напредок на демократијата, добри односи со соседите, зајакнување на демократските институции, судството, медиумите, и се друго што ја зацврстува државата и нејзиниот севкупен напредок.
Желба за избори кај СДСМ, цени Груевски е она од типот барам избори но молам Бога да не ги добијам.

-Час велат сакаме брзи избори веднаш, час дека морале да имаат повторно 6-месечна пржинска влада. Час признаваат дека прашањето за регулацијата на медиумите за време на избори се реши со измените на законот за избори кои заедно ги изгласавме пред неколку месеци, час ги слушаме велат, медиумите биле пречка за изборите. Јавно зборуваа имало 500 илјади фантомски гласачи на ВМРО, а таму кога има состаноци се збори за некои 36 илјади гласови кај кои требало да се направи проверка, а кои повеќе од пола се од албанска националност. И ајде нека се направи на колку сакаат на толку. Ама не се прави, бидејќи потоа ќе немаат каде. Ќе треба навистина избори оваа есен.

Како што кажа еден лидер на партија пред некој ден, нагласи Груевски, пред присутните членови и симпатизери, СЈО стана коалициски партнер на СДСМ.
-Откако видоа дека СЈО не им е доволно, удрија да вршат притисок врз судот. Сега новата стратегија е да се изврши притисок на судиите. Им се закануваат јавно, и тоа директно претседателот на СДСМ во негова јавна изјава дека кога ќе дошле на власт ќе ги сменеле сите судии, и за нив неподобните ќе ги остранеле. Замислете, луѓето чија главна кампања е слобода и демократија, одат со отворена закана на судството. На НВО и нивните поддржувачи тоа ниту им пречи, ниту имаат реакција. Потоа, излегува портпаролот на СДСМ и објавува дека против судиите кои не суделе по нивни терк ќе започнеле кривична постапка. Замислете, кривична постапка за став на судија. Никогаш тоа не се случило. И повторно молк од НВО, но и од преставниците на меѓународната заедница. Кога ова го прави СДСМ, тоа е демократија. Ако пола од ова го правеше ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе беше тоталитаризам и режим, рече Груевски.

Нека изберат кое сакаат европско решение за медиумите и ќе го примениме

Во делот на медиумите, ние веќе како четири најголеми партии во Македонија, донесовме измени пред неколку месеци на Изборниот закон во кој го регулиравме работењето на медиумите за време на изборниот процес и тоа веќе не е прашање, тоа се усвои во Парламентот, гласаа сите партии и нема никакво прашање во однос на работењето и регулирањето на медиумите за време на изборите, рече Груевски.
-Она што сега тие го отвораат е за после изборите, односно како би тие сакале да биде регулирањето и ние тука имаме еден кристално јасен став. Ако сакаме сите земјата да стане членка на ЕУ, ние треба да одбереме која од 28-те земји членки има најдобра регулатива за медиумите. Јас не велам ние да избереме, нека изберат тие, нека изберат во консултации со кого сакаат. Таа држава и тој закон што ќе го изберат ние сме подготвени да го прифатиме, да го гласаме во Парламентот заедно со нив и да биде Закон во Република Македонија, додаде Груевски.