ДУИ попладнево го одржа четвртиот партиски конгрес на кој Али Ахмети е  реизбран за лидер на партијата, а се одлучува и за промени на статутот на партијата.

Артан Груби во разговор за Телма рече дека ДУИ со овој конгрес всушност прави една преродба како Феникс затоа што има променето речиси сто проценти од претседателите на своите ограноци.

Повеќе од 90% на претседателите на подограноците, целосно нов состав на Форумот на жените, како и на форумот на младите, статутарни промени и целосно нов состав на централниот совет на партијата што е највисокптп партиско тело помеѓу двата конгреси – истакна Груби.

Тој рече дека ДУИ ќе бидат одлучувачки фактор за формирање на новата влада.