Идното ДУИ е ангажирано за целосен ветинг и во политиката, во обвинителството, во судството, изјави Артан Груби од ДУИ. Тој вели дека ветингот претставува клучен столб на програмата на ДУИ за постигнување на неселективна правда, вистинско владеење на правото, транспарентност, борба против организираниот криминал и корупцијата, и враќање на довербата на граѓаните во интегритетот на институциите.

„Има уште многу работа за воспоставување на неселективна правда во оваа земја. Но, ние сме подготвени да се соочиме и со овој предизвик и ги покануваме сите граѓани со заеднички сили да вложиме напори за општото добро на сите нас“, рече Груби.

Правната предвидливост и владеењето на правото, додаде тој, се основен предуслов за економски развој, за создавање на нови работни места и за поквалитетен живот, цели кои се исто така и наши приоритети.

извор: Makfax