x

Гронковски прави сензационален кам – бек во НФЛ

Џејсон Лајт, генералниот менаџер на НФЛ тимот Тампа Беј Баканирс, објави сензационална информација, дека Роб Гронковски, еден од најдобрите играчи на позицијата фаќач во историјата на НФЛ лигата прави кам бек односно се враќа од пензија, и потпишува за неговиот тим.

Гронковски се пензиониран од 2018 година, а екслузивните права за него ги имаше екипата на Њу Ингланд каде што и дотогаш настапуваше. Сега, откако реши да се врати, Њу Ингланд го испрати на Флорида, заедно со седмиот пик на овогодинешниот драфт, во замена за четвртиот.

Со ова, Гронковски повторно се соедини во ист тим со Том Брејди со кого заедно освојуваа титули во таборот на Њу Ингланд.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата