Гром уби девет лица
Дака, 17 февруари (МИА) – Девет лица загинаа, а 18 се повредени од удар на гром додека тие собирале камења во пограничен дел на Бангладеш, во североисточната област Силхет. Како што јави кинеската агенција Ксинхуа, собирачите на камења се засолниле во колиба блиску до нивното место на работа, бидејќи почнало да врне. Громот удрил во колибата, убивајќи деветмина од нив и повредувајќи осумнаесет. Илјадници сиромашни луѓе од таа област собираат камења за да преживеат.