Тешко на народот чија Влада во континуитет вториот работен ден го започнува со церемонијално рушење на една од илјадниците дивоградби во државата, реагираат од партијата ГРОМ.

-Наместо почеток со камен темелник на некој производствен, енергетски или инфраструктурен проект, СДСМ започнува со деструкција. Ова е уште една потврда за безидејноста на СДСМ и доказ дека и натаму наместо со проекти ќе владее со репресии и страв кон сопствените граѓани. Затоа ГРОМ ја повикува Владата наместо ефтин популизам и демонстрација на сила да покаже спремност за подобрување на економијата која тоне, справување со пандемијата, запирање на иселувањето на младите, рестартирање на образовниот процес, борба за почист воздух за кој зборуваа додека беа во опозиција, истакнуваат од ГРОМ.