Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ на синоќешната седница на Извршниот одбор одлучи да го повика своето членство и симпатизиерите задолжително да излезат на претстојните претседателски избори.

Како никогаш до сега потребно е да излеземе во што поголем број и да избереме нов претседател на државата, се вели во соопштението од партијата.

Од ГРОМ велат дека најенергично се спротивставуваат на сите оние кои заговараат бојкот.

Со избор на апстиненција, македонските граѓани ќе направат огромна штета на државата со тоа што владеачките партии ќе го променат Уставот и ќе изберат претседател во Парламентот. Со избор на претседател во Парламентот се отвара уште една можност за уцена на малцинството врз мнозинството граѓани во Републиката, велат од ГРОМ.