Најпрвин механизацијата на „Комуналец” беше ангажирана на проширување на патот до гробиштата на најкритичното место пред главниот влез, а потоа со ископ на земјиштето беа пробиени неколку нови пристапни патеки низ гробиштата кои ќе бидат тампонирани.

Овој градежен зафат значително ќе го подобри пристапот на лесни и потешки возила до гробиштата, но и во самите гробишта, кои се непроодни и обраснати со разновидна вегетација.
Реализацијата на овој зафат е дел од барањата на жванци при неодамнешната посета на градоначалникот Љупчо Блажевски на селото Жван во рамките на проектот „Поблиску до граѓаните#.