Грин бич се одржува на 28 и 29 јули на плажата Парк во Охрид, а токму Маурицио Шмиц, Горан Кан и Васо ќе го одбележат првиот ден од осмото фестивалско издание.

Покрај легендарниот германски диџеј Свен Ват, пак, кој ќе ја предводи саботната вечер со свој настап доаѓа уште еден член и еден од клучните луѓе на славната „Кокун” етикета, Маурицио Шмиц, германскиот ветеран со италијанско потекло, со повеќе од две децении искуство зад диџеј пултот, кој во својата кариера бил дел од некои од најважните фази во развојот на клупскиот звук, брусејќи го својот стил низ техно и хаус, но и транс, минимал, амбиент и бројни други жанрови.

Поради огромниот интерес и на барање на бројните фанови од Македонија и подеднакво од регионот, продолжува да важи супер промотивната цена на билетите од 650 денари за еднодневните и 1200 денари за дводневните (фестивалски) влезници. Станува збор за најповолната понуда на билетите со 40% попуст во однос на нивната финална цена, кои ќе се продаваат само уште во во ограничен број преку продажната мрежа на МКтикетс.