Откако на две лица, заразени со коронавирус им било дозволено да шетаат низ градот, војската на Нов Зеланд сега ги чува објектите наменети за карантин. Исто така, зајакната е и контролата на границите.

Нов Зеланд вчера го изгуби „корона фри“ статусот откако на две жени, кои допатуваа од Велика Британија, им беше дозволено да го напуштат карантинот за да посетат пријател кој умирал, за кој подоцна се покажало дека е заразен со вирусот ковид-19, пренесе Ројтерс.

Премиерката на оваа земја, Џасинда Ардерн изјави дека на заразените лица не смеело да им биде дозволено да го напуштат карантинот.

„ Тоа претставува неприфатлива грешка на системот. Ќе бараме да се вршат по две тестирања во тие објекти, без исклучок“ рекла Ардерн.

извор: Makfax