Прославената шведска килматска активистка, Грета Тунберг, се закани дека ќе го напушти „Фејсбук“ ако платформата одбие да ги замолчи нејзините критичари, пренесува „Брејтбарт“.

„Јас, како и многу други, се прашувам дали треба да продолжам да го користам Фејсбук или не. Дозволувањето говор на омраза, непроверка на фактите и, се разбира, прашањата за мешање во демократијата се меѓу многу, многу други работи што се вознемирувачки“, напиша Тунберг во објавата на „Фејсбук“.

„Постојаните лаги и теории на заговор за мене и за безброј други, секако, резултираат со омраза, смртни закани и на крајот со насилство. Ова лесно може да се запре ако Фејсбук сака. Сметам дека непреземањето одговорност е многу вознемирувачко“, додаде таа.

Основачката на „Youth Climate Strike“ досега уживаше слава без преседан поради својот климатски активизам, освојувајќи ги левичарските „тешкаши“ како што се Барак Обама, Хилари Клинтон и Елон Маск.

Маск минатиот месец рече дека Тунберг има подобро расудување и повеќе срце од огромното мнозинство политички лидери, Хилари Клинтон ја нарече „жестока жена“, а поранешниот претседател Обама ја пофали 16-годишната девојка како „една од најголемите застапници за нашата планета.

Сепак, Тунберг се нервира поради критиките и сугерира дека оние кои се против нејзината крстоносна војна се мешаат во демократијата и треба да бидат цензурирани од „Фејсбук“. Таа ги повика своите обожаватели да го „предизвикаат“ „Фејсбук“ да ги замолчи нивните антагонисти, инсистирајќи дека „ако доволно од нас бараат промена – тогаш ќе дојдат промените“.

Проблемите на Тунберг со социјалните мрежи не завршуваат со „Фејсбук“. Таа исто така се пожали дека „Твитер“ не сторил доволно за да ја заштити.

„Забележав дека неколку луѓе се обидоа да се претстават како мене или лажно да тврдат дека ме претставуваат за да комуницираат со политичките лидери, познати актери, пејачи и музичари“, напиша таа во твитот.

„Се извинувам на секој со кого е контактирано и кој можеби дури и бил доведен во заблуда од ваквото однесување. Се надевам дека оние што сакаат искрено да ми пристапат, ќе го сторат тоа по препознатливите канали “, додаде таа.

извор: Makfax