Шведската активистка за клима Грета Тунберг во петокот наполни 17 години и повторно застана пред шведскиот парламент со транспарентот „School Strike 4 Climate“ („Школски штрајк за клима“).

„Штрајк за клима, 72. недела“, напиша Тунберг на „Твитер“, објавувајќи фотографија од себе со рачно насликаниот транспарент „School Strike 4 Climate“.

Училиштата во шведската престолнина сè уште се затворени поради божикните празници.

Грета се врати во Шведска по пауза од четири и пол месеци.

Тунберг зборуваше на состаноците за клима од Швајцарија до Њујорк, а неодамна присуствуваше на конференцијата на ООН за климатски промени во Мадрид и на состанокот во Торино, Италија.

извор: Makfax