На мирен собир пред Кривичниот суд во Скопје се собрани граѓани за поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кому судот му одреди 30 дневен куќен притвор.

 

Како поддршка за битолкиот градоначалник пред судот се и скопските градоначалници Коце Трајановски, Ивица Коневски и Петре Латиновски, а има и градоначалници од другите градови на земјава. Меѓу нив е пратеникотАндон Чибишев.

На мирниот собир пристигнуваат граѓани во се поголем број. Тие се распоредени на неколкиу локации околу судовите, во очекување на одлуката на Апелација по жалбата од Талески.

Кривичниот суд во Скопје во петокот определи мерка куќен притвор за Талески, откако СЈО ја обжали првичната одлука да му се одземе само пасошот.