На сила се уште важи Одлуката за затворање на Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот Св. Апостол Павле во Охрид”, велат од Министерство за транспорт и врски и потенцираат дека граѓаните треба да се воздржат од купување авио билети се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци. 

– Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници. Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци. За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме. Затоа, граѓаните доследно да ги следат сите информации што се објавуваат од Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства и институции и да се придржуваат до донесените мерки и препораки, велат од Министерството.