Откорнати дрвја, скршени дрвја, уништени клупи, блокирани мостови. Вака денеска изгледа градскиот парк во Скопје.

Фото: Вечер.мк

Скршена е крошната на едно од најголемите дрва покрај првото езерце во Парк, која паднала и го блокира едниот од мостовите на езерцето. При паѓањето, оваа крошна уништила и крошни на уште две други децениски стебла.

Фото: Вечер.мк

 

Фото: Вечер.мк

Во предниот дел на паркот (кон Град Скопје), од корен се откорнати три големи дрва, кои веројатно потоа се исечени на делови. При паѓањето, откорнат е дел од асфалтот, а уништени се и неколу клупи и канти за отпадоци.

Фото: Вечер.мк

Засега нема информација дали дрвјата се паднати заради вчерашниот силен ветер, или пак се намерно бутнати со цел да се ослободи простор за нови насади.

Фото: Вечер.мк

Грижа за градскиот парк е на ЈП Паркови и зеленило.

Но, ова не се единствените проблеми во Градски парк.

Следува продолжение…