Градоначалничката на Сиетл, Џени Дуркан, во четвртокот ги бранеше демонстрантите кои прогласија автономна зона на улиците во градот, нарекувајќи ја патриотска, пренесува „Њујорк пост“.

Во изјава за медиумите, Дуркан рече дека заканата на претседателот Трамп дека ќе испрати федерални сили за да им се спротивстави на демонстрантите е противуставна и незаконска.

„За жал, нашиот претседател сака да раскаже приказна за домашни терористи кои имаат радикална агенда и промовираат заговор што одговара на неговите иницијативи за закон и ред. Тоа едноставно не е точно. Законско собирање и изразување на правата од Првиот амандман, барањето да дејствуваме подобро како општество и да се обезбеди правичност за обоените заедни не е тероризам. Тоа е патриотизам“, рече Дуркан.

Таа зборуваше за областа во градската зона Капитол Хил, каде што полицајците и демонстрантите постојано се судираа пред полицискиот оддел во последните две недели, по смртта на Џорџ Флојд. Демонстрантите сега зазедоа периметар од шест блока наречен „АЗКХ“ – краток за „Автономната зона на Капитол Хил“ околу Источниот округ, кој беше напуштен во понеделникот.

Ситуацијата му го привлече вниманието на Трамп, кој во четвртокот побара локалните власти да реагираат и да ги тргнат од улиците „грдите анархисти“ – или тој ќе го стори тоа.

Во своите забелешки, Дуркан рече дека официјалните лица се во комуникација со жителите, сопствениците на бизниси и демонстрантите во зоната, додавајќи дека тоа не е вооружена милиција на Антифа и тоа не е забранета зона.

„Ќе се погрижиме да најдеме некој начин луѓето да продолжат да протестираат мирно. Освен извештаите за вандализам, оштетување на имотот и повремени пресметки, во околината нема документирано сериозни инциденти“, рече таа.

извор: Makfax